Во петок истекува рокот за пријавување на спорните гласачи

by fokus

На 19 август, одосно во петок истекува рокот кои го имаат сите лице кои се најдоа на списокот спорни гласачи да се пријават во ДИК за да не го изгубат правото на глас.

До вчера, на 5 дена пред истекот на рокот за пријавување на спорни гласачи во Државната изборна комисија се пријавиле само 5.022 граѓани. Од нив, 2.236 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2.786 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на Комисијата.

Бројот на пријавени е мал, со оглед на фактот дека на списокот има вкупно 39.502 лица кои се водат како спорни, односно чии податоци не биле пронајдени во ниту една институција.

Поврзани новости