СДСМ бара од Обвинителството брзо и ефикасно решавање на тешките кривични дела при упадот во Собранието

by fokus

СДСМ бара брзо и ефикасно решавање на сторените тешки кривични дела при упадот во Собранието, како терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста и обид за убиство на пратеници.

-Секое несоодветно постапување од страна на Јавното обвинителството и надлежните обвинители, го прави овој државен орган, и нив поединечно, соучесници и помагачи на извршеното насилство кон највисокиот законодавен дом на Република Македонија. Ваквото непостапување на Јавното обвинителство, дополнително ги охрабрува протестантите, па вчера резултираше со дополнителни закани и насилничка реторика на учесниците на протестите.  Млаката реакција, на надлежното обвинителство ги мотивира и учесниците и организаторите на протестите да повикуваат и практикуваат насилство. Пример за ова се и заканите по животот упатени кон високи функционери на СДСМ кои се случија за време на вчерашниот протест, рече портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на прес конференција.

Тој го повика Обвинителството да работи сериозно, да ги утврди сите кривични дела кои што претставуваат рушење на законодавниот дом и  правилно, правно да ги квалификува истрагите и обвиненијата, да бидат опфатени сите лица коишто го нарачале, помогнале и извршиле нападот врз Собранието, пратениците, полицијата, вработените и новинарите во Собранието.

Поврзани новости