СДСМ бара Иванов да го потпише Законот за јазици

by Фокус

Од СДСМ денеска побараа ВМРО-ДПМНЕ да не се спротивставува на Законот за јазици, а претседателот Ѓорге Иванов да го потпише указот на законот, бидејќи има таква уставна обврска.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да смогне сили и да ги надмине политиките на лицемерие и лажен патриотизам, затоа што целата јавност знае дека опозициската партија во надеж дека ќе формира влада, веќе го прифати Законот за употреба на јазиците. Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот и Амандманот 5 донесени во 2001 година и ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници што е во согласност со концептот на едно општество. Ѓорге Иванов е должен да постапува според Уставот и членот 75 од Уставот и е должен да го потпише Указот за Законот за употреба на јазиците“, соопштија од владејачката партија.

Поврзани новости