Антизападниот пион Христијан Мицкоски втор ден бега од јавноста за шемите со неговиот ментор Никола Груевски, обвини денеска Костадин Костадинов од СДСМ.
-Но, поврзаноста со криминалите Никола Груевски излегуваат на виделина, јавноста ќе ја дознае целата вистина. Овој документ покажува дека антизападниот пион, Христијан Мицкоски, е еден од сопствениците на компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, основана во мај 2014 година.Оваа компанија каде што сопственик е антизападниот пион Христијан Мицкоски, заедно со компанијата „Минка ДА“, основа конзорциум „МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО“ Скопје.Овој конзорциум, во кој удел има антизападниот пион Мицкоски, во јуни 2014 се пријавил на јавниот повик за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на мали хидроцентрали. Повикот е објавен од Владата на носителот на криминалот, Никола Груевски.За рекордно време од околу два и пол месеци од основањето на Енерготек ДОО Скопје конзорциоумот кадешто удел има Мицкоски добил концесии за користење вода за изградба на хидроцентрали на реката Брегалница и на Клепалска река, обвини Костадинов.