Ќе се менува законот за абортус, се укинува задолжителното советување

by fokus

Министерството за здравство го почна процесот за промена на Законот за прекинување на бременоста, информираа денеска од Министерството.

-По повеќе месечните консулатиции со претставници на граѓанските организации, целосно инклузивно и отворено ги прифативме забелешките на сите засегнати страни, како и препораките на меѓународните организации и Светската здравствена организација. Волјата на жената ќе биде на прво место. Се измените на Законот се укинува задолжителното советување и чекање од 3 дена, како и задолжително формирање на Комисија до 22-рата гестациска недела од бременоста.На Единствениот Национален Електронски Регистар на Прописи на Република Македонија (ЕНЕР) е поставено известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог-закон за прекинување на бременоста. Практиката на примена на важечкиот Закон за прекинување на бременоста покажа проблеми со постојните административни процедури/бариери со што се ограничува пристапот до и спроведување на постапката за безбеден абортус и остварување на правото на жените за спроведување на безбеден абортус.

Поврзани новости