Излетале од патот, се превртеле и совозачот починал на лице место

by fokus

Возач на камион попладнево излетал од патот кон Македонски брод, по што се превртел, а неговиот сопатник починал на самото место.

-Во 13,40 часот на патот од с.Брезница кон Македонски Брод, Б. Н.(39) управувајќи товарно моторно возило „ТАМ“ излетал од патот и се превртел. Сопатникот Т. Г.(50) од с.Битово-М.Брод починал на самото место, сопштија од МВР.

Поврзани новости