СДСМ: Анкетата на Димитрија Чуповски е нарачка на Груевски

by fokus 17:59
17:59

Анкетата на институтот Димитрија Чуповски, која покажа убедлива предност во корист на власта и Никола Груевски во однос на нивните политички опоненти, е неверодостојна бидејќи станува збор за нарачка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, реагира опозицискиот СДСМ.

-Ништо не може да му помогне на обвинетиот Груевски кој на 11 декември ќе ја добие вистинската анкета од граѓаните пред кои ќе мора да одговара. Обвинетиот Груевски се соочи со фактот дека мора да оди на избори на 11 декември и оттаму потекнува новата хаотична анкета на партискиот институт – велат социјалдемократите.

- Advertisements -

Ова следува откако Димитрија Чуповски објави дека спровел анкета на 1.237 испитаници во периодот од 7 до 10 октомври, која покажало дека 27,6 отсто од испитаниците на наредните предвремени парламентарни избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 16,1 отсто за СДСМ, 6,3 за ДУИ, 2,9 за ДПА, додека Груевски има убедливо највисок личен рејтинг од триесетина проценти.

Поврзани новости