Акциите што денеска се спроведуваат во Струмица, на барање на партиските структури на Никола Груевски во Основното јавно обвинителство се предводени од баџанакот на Сашо Мијалков, Јован Илиевски, обвинуваат од СДСМ за денешната акција на Основното јавно обвинителство во која беа конфискувани општинските компјутери.
-Никола Груевски, творецот и реализаторот на изборните грабежи во Македонија, неуспешно се обидува да избега од изборниот криминал што го правел заедно со неговите соработници. Извршените претреси во Струмица, во Кабинетот на градоначалникот, воедно и претседател на СДСМ, Зоран Заев, се уште еден неуспешен обид за притисок. Ниту еден притисок креиран и спроведен од партиските структури во Основното јавно обвинителството под контрола на Јован Илиевски нема да успее, стои во партиското соопштение.
Од СДСМ велат дека нема да успеат сценаријата, со партиски нарачки да се тргне вниманието на јавноста од криминалот на Никола Груевски, изборниот грабеж и срамните одлуки на Уставниот суд коишто треба да се пласираат преку режимските медиуми.