Груевски до Хојт: ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да придонесува за демократијата

by Фокус

Заменик-помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Хојт Брајан Ји, денеска се сретна и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, соговорниците разговарале за актуелната политичка состојба, надминувањето на политичката криза како и глобалните предизвици поврзани со мигрантската криза.

-Претседателот Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за надминување на политичката криза преку успешно спроведување на претстојните избори, на кои граѓаните ќе го имаат главниот збор и ќе одлучат за иднината на државата. Груевски посочи дека од важен интерес за партијата, но и за државата е тие избори да бидат фер и демократски, за што е потребен ангажманот и посветеноста на сите чинители одговорни за процесот. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи активно да придонесува за градење на демократски амбиент кој ќе биде во насока на спроведување на фер избори, соопштија од владејчката партија.

Груевски посочил дека стратешки интерес е реализирање на евроатланските интеграции на Република Македонија и станувањето полноправна членка на НАТО.

Поврзани новости