Пред две години, точно од овој ден, кога беше објавена првата прес конференција од проектот Вистината за Македонија, граѓаните лично и слушнаа каква неодговорна, несовесна, криминална власт демнела врз нив и управувала со нивните животи, наместо да се грижи за нивните реални потреби, потсетуваат денеска од СДСМ.
-Поради тоа 9 февруари 2015 година ќе остане светол датум во политичката историја на Македонија, но и во регионални и светски рамки, како порака дека нема бегање од вистината и дека не постои некој кој е недопирлив за правдата. Чесни и храбри граѓани, на мирен и достоинствен начин, предавајки ги материјалите од скандалозното прислушување, ги симнаа маските на режимската власт. Огромно мнозинство одговорни граѓани со пенкало и глас на 11 декември избраа живот наместо режим. Затоа, власт како досегашната на Никола Груевски не смее повеќе никогаш да и се повтори на Република Македонија, се вели во соопштението на СДСМ.