Две години од првата „бомба“ и од вистината за прислушувањето на 20.000 граѓани

by fokus

На денешен ден пред две години македонската опозиција ја објави првата „бомба“ од прислушуваните разговори на околу 20.000 граѓани меѓу кои, како што тогаш објави СДСМ и високи претставници од власта и од опозицијата, новинари, претставници од невладини организации, од Синодот на МПЦ, ИВЗ, политичари од албанскиот блок, бизнисмени…

„Бомбата“ Заев ја отвори пуштајќи аудио снимка од разговор за кој тој потврди дека е воден меѓу него и една новинарка, која му бара изјава за финансирањето на училиштата. Потоа следуваше аудио снимка меѓу Заев и Шекеринска, меѓу него и неговата ќерка, меѓу него и негов пријател…

„Вакво масовно прислушување може да спроведе само УБК. Се прислушувало постојано, 24 часа, седум дена во неделата. По ова, сфативме дека живееме во два поделени света, еден на Груевски и на Мијалков, а во вториот сме сите ние“, рече Заев на 9 февруари 2015 година.

Битката за правда на оштетените во едно од најмасовнните прислушувања му е доверена на Специјалното јавно обвинителство под раководство на Катица Јанева која денеска го прославува својот 52 роденден. Таа е родена на 9 февруари 1965 година.

Поврзани новости