Вмровци протестираат во Охрид бидејќи биле повикани на распит во СЈО

by fokus

Стотина членови на ВМРО-ДПМНЕ излегоа на протест пред полициската станица во Охрид со цел да го искажат револтот што биле повикани на разговор од Специјалното јавно обвинителство, пренесува НОВА ТВ. Тие велат дека не го признаваат СЈО и дека обвинителството работело за СДСМ.

Членови на партијата наведуваат дека во поканите кои СЈО ги има испратено до нив пишува дека е оформен предмет за донациите во ВМРО-ДПМНЕ, поради што треба да дадат изјава, а доколку тоа не го направат ќе бидат приведени со полициска придружба.

Досега стотина члена на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, Крушево, Охрид, Кочани, Скопје и од други градови биле повикани во Специјалното јавно обвинителство да дадат исказ за своите наводни доброволни донации за партијата. Се претпоставува дека СЈО води предистражна постапка за финансирањето на изборните кампањи на партијата.

Поврзани новости