СДСМ: 620 илјади луѓе се иселиле од Македонија до 2013 година

by Фокус 11:40
11:40

Македонија останува земја без луѓе! Само до крајот на 2013 година од Македонија се иселиле неверојатни 626.312, според објавени податоци од Светска банка, соопшти СДСМ. Партијата бара одговор, ако до 2013 заминале 626.312 илјади, колку иселени од Македонија има после две години, до крајот од оваа 2015 година?, прашува СДСМ во денешното соопштение.

Од СДСМ велат дека секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка, а вработените во овие фирми се со месеци без плата, што, како што велат од партијата, е дело на Груевски и соработниците кои работат по лектири на Ал Капоне.

- Advertisements -

-Најголем дел од младите, ако имаат можност, би ја напуштиле државава. Најмногу поради невработеноста. Сите статистики говорат дека од земјава се иселуваат главно образувани луѓе. Над 180.000 граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден! Македонија е 12 земја по беден живот од 180 земји во светот. Над 10.000 фирми се затворени. Вработените во нив се на улица, стои во соопштение.

Поврзани новости