Гарет: Политичката криза ни покажа дека прашањето за името мора да се реши

by Фокус

Верувам дека лидерите и во двете земји треба да се посветат на ова прашање и мислам дека е дојдено времето за решение за проблемот со името. Политичката криза ни покажа кои се причините за решавање на ова прашање што е можно побрзo, рече британскиот амбасадор Чарлс Гарет во неделното интервју на Радио слободна Европа.

Што се однесува до прашањето за извештајот од Европската комисија за Македонија, амбасадорот Гарет рече дека одлично е што маекдонските партии успеале да се договорат, а во извештајот  ќе има повеќе препораки за Македонија и информации за состојбата на демократијата и владеењето на правото, но и за другите области.

-Она што е битно е што содржи таа условеност. Сите извештаи во нив содржат условеност, пакет на мерки за тоа до каде е земјата и што уште треба да направи. Фокусот треба да биде таму, на содржината на извештајот, да се види што е она што лидерите и институциите во Македонија треба да го направат за да се придвижи Македонија напред, одговори амбасадорот Чарлс Гарет.

Поврзани новости