СДСМ 17-та бомба ќе ја пука од Прилеп

by Фокус

СДСМ денеска со почеток во 13 часот ќе одржи прес-конференција на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп, каде што ќе ја објави 17-та бомба.

Партијата ги повикува сите граѓани да дојдат на собирот и со свои уши да слушнат што правела власта во Прилеп. Прес-конференцијата ќе ја одржи претседателот на Општинската организација на СДСМ од Прилеп, Сашо Велески, а ова е трет град по Струмица и по Куманово каде што опозицијата ќе презентира снимки за, како што велат оттаму, изборна измама во овие општини.

Поврзани новости