Започна протестот пред МРТВ

by Фокус

И оваа сабота точно на пладне започна протестот пред МРТВ организиран од „Достоинство“. Денеска има многу повеќе присутни демонстранти од минатата сабота со оглед на временските услови. Се очекува на бината да се качат неколкумина говорници за да изразат незадоволство од уредувачката политика на јавниот сервис кој не ги исполнува критериумите за професионално и објективно известување.

mrtv 1

Намерата на протестот е МРТВ да започне со емитување на аудио снимките на опозицијата на кои се слуша како власта предводена од ВМРО ДПМНЕ владее со државата. Ова е трет голем протест, покрај секојдневните во 19 часот кои ги организира Стојанчо Ангелов.

Поврзани новости