Социјалдемократскиот сојуз овој викенд низ повеќе градови во Македонија, ќе организира акции за донации за настраданите во поплавените подрачја.
Најпотребна е конзервирана храна, вода и средства за хигиена, чистење и дезинфекција. Пунктовите за собирање на донациите ќе бидат поставени во следниве градови:
Берово – пред Народна техника од 12 до 18 часот (сабота и недела)
Свети Николе -Градски парк Александар Серафимов од 17 до 21 часот (сабота и недела)
Пробиштип – пред Маркет Кит-Го од 11 до 15 часот (сабота и недела)
Делчево – фонтана кај градски парк од 12 до 14 часот (сабота и недела)
Пехчево – пред Маркет Кит-Го од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Зрновци – пред Маркет Кит Го од 10 до 12 часот (сабота и недела)
Радовиш – пред црква Св. Спасо Радовишки од 12 до 15 часот (сабота и недела)
Карбинци – пред самопослугата во Таринци од 07-21 часот (недела)
Македонска Каменица – пред Маркет Кит Го од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Штип – плоштад Слобода од 17 до 20 часот (сабота)
Струга – пред Хотел Београд од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Гостивар – пред Маркет Монтенегро Центар од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Прилеп – Плоштад Македонија Андонов Ченто од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Кавадарци – пред Комерцијална банка од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Велес – спроти Стоковна куќа НАМА од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Кривогаштани – пред Општинската организација на СДСМ од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Крушево – пред градски пазар од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Куманово – на плоштад од 11 до 14 часот (сабота и недела)