546
Тие изработуваат маици на кои испишуваат пораки кои, според нив, сведочат за вистината, наместо лажната реалност што ја сервира власта.
На дел од маиците пишува „До кај сме со Македонска банка?“, „Владата успеа да вработи 300.000 млади во странство, има разлика“, „Дајте нови поскапувања! Треба да го доплатиме проектот Скопје 2014“.
Младите од СДММ истакнуваат дека на овој начин до дел од граѓаните ќе стигне вистината, која според нив е загушена поради контролираните медиуми од страна на власта.