СДСМ: Учениците во Струга сами купуваат течен сапун и креди за пишување

by Фокус

Тој додава дека од учениците било побарано и самите да си носат течен сапун за миење на рацете.
-Иако постои законска обврска на вработените во училиштата во Струга, не им е направен систематски преглед неколку години.
Ова е еден од актуелните проблеми, но не и единствен. Подади огромните финансиски проблеми во образованието, дел од основните училишта, до самиот почеток на учебната година беа без струја поради неплатени сметки. Ова прашање се решаваше во последен момент, обвини Митрески.

Тој додаде дека долговите на училиштата за огрев, водовод и канализација, ѓубретарина и превоз на ученици се уште поголеми.
-Скоро сите основни училишта работат со блокирани сметки. И оние малку пари што доаѓаат на нивните сметки ги земаат извршители.
Поради оваа тешка финансиска состојба на трошоци се изложени и вработените и родителите. Се собираат средства од родителите за варосување на училниците, замена на чешмите, за скршените прозорци, а вработените купуваат хартија за печатење и креди за пишување, вели Митрески.

Од СДСМ апелираат власта итно да се зафати со решавање на горливите проблеми во образованието.

Поврзани новости