На Меѓународниот ден на студентите порачуваме дека нашата цел е да обезбедиме квалитетен и достоинствен живот за студентите во Р.Македонија, велат денеска од СДММ по повод Меѓународниот ден на студентите.
Студентите во Македонија овие денови се обидуваат да ги извадат последните документи и повторно како и минатата година од јуни 2017 да заминат на Work&Travel со можност за подолг престој. Ние, студентите сакаме вистински живот во Македонија, во модерни студентски градови – а не преживување по студентските домови. Ние, студентите сакаме повисок студентски стандард – платена работа за време на студии, а не да зависиме од нашите родители и од популистички мерки. Ние, студентите бараме работа дома за сите!, се вели во соопштението.
Од СДММ порачуваат дека младите, студентите мора да бидат приоритет денес за да имаме подобро утре.