Донал Трамп удри по фолкерките

by fokus
 
Американскaта администрација уште пред да седне Доналд Трамп на претседателското место почна со депортирањето, а прва на удар се најде балканската фолк пејачка Мерима Његомир.
Таа била приведена на аеродромот во Њујорк, каде што било утврдено дека доаѓа во Америка да настапува на црно, а не како турист, како што тврдела. Во нејзината ташна дури била пронајдена и рекламна плаката за нејзините концерти кај екс – ју дијаспората во поголемите американски градови. Откако била задржана 24 часа во Њујорк, таа била вратена во Србија, со лет преку Франција.
 
Веста за нејзиното депортирање вчера се најде во сите српски медиуми, а очајната пејачка добила и забрана за влез во Америка во наредните три години.
 

Нашите фолк пејачи кои што редовно гостуваат во САД за време на божиќните и новогодишни празници се преплашени од настанот кој што го доживеала нивната колешка од Србија.

 

thumbnail_spasen-s1
На многу од нив им се случило во минатото да не можат да добијат виза на време, и да бидат принудени да ја одложат турнејата. Не сакаат јавно да зборуваат дали во Америка одат со туристичка виза, или пак имаат уредни документи со кои што можат да настапуваат пред нашите иселеници.
 
Уште пред еден месец, повеќе наши пејачи ги најавија своите зимски турнеи во Австралија, Америка, Канада… Велат дека заработката е добра и назад се враќаат со преполни куфери бакшиш. 
thumbnail_elena-avstralija12
 
Меѓу оние кои што веќе го потврдија своето гостување во Канада се Татијана Стефановска, Џесика Палашоска, Спасен Силјановски и групата ,,Маестрал’’. Од Канада, тие продолжуваат во Австралија. Освен нив, во Америка, Канада и Австралија често гостуваат и Благоја Грујовски, Елена Велевска, Адријана Кеш, Сузана Спасовска, Елена Јовческа, Сања Ристеска и други.
Вики Клинчарова
 

Поврзани новости