Јолевски: По изборите ќе ги интензивираме реформите

by fokus

Министерот за одбрана Зоран Јолевски во средата во рамките на посетата на САД оствари средби со претставници на фондацијата „Херитиџ“, МекКејн Институтот за лидерство и со Сали Пеинтер, член на Бордот на Директори на Труман фондацијата за национална безбедност.

На средбите Јолевски дал уверување дека по изборите Македонија со забрзано темпо ќе ги интензивира реформите кои се пред се значајни за граѓаните на Македонија, а со тоа и ќе се овозможи полесна интеграција на Македонија во евроатлантскиот сојуз.

Вечерта се одржал традиционалниот концерт на Денот на благодарноста на кој настапуваат македонски музичари, а на кој Јолевски имал свое обраќање пред присутните гости од Стејт Департментот, Пентагон, од Сенатот и Конгресот.

Поврзани новости