Савка, поранешната свршеница на Лозано: Среќен роденден на еден од ретките луѓе чиј роденден го паметам без потсетување

by Fokus

Моделот Савка Грачанин, која што му беше свршеница на поп пејачот Влатко Лозаноски – Лозано, и по раскинот на свршувачката не го заборавила неговиот роденден, па му упати интересна порака на социјалните мрежи.

-Ти честитам затоа што си поискусен. Не сум сигурна што си научил оваа година, но секое искуство не трансформира во личноста која сме денес. Среќен роденден на еден од ретките луѓе чиј роденден го паметам без дури и да ме потсети Фејсбук – објави Грачанин.

Таа и Лозано беа во врска цели девет години. Во 2016 година на своите социјални профили ја објавија веста за запросувањето, по што пејачот изјави дека во нивниот однос нема да се менуваат многу работи, бидејќи долги години биле во врска, живееле заедно, и прстенот на раката на Савка не значи промена во нивниот начин на функционирање. Исто така, тој тогаш најави дека планира свадбата да се случи во неговото родно Кичево.

На изненадување на нивните пријатели, но и пошироката јавност, лани во септември Лозано за ,,Фокус’’ потврди дека ја раскинале свршувачката, не откривајќи ги причините за одлуката.

-Нема што да се каже, не сме повеќе заедно со Савка. За повеќе детали од приватноста не би коментирал – ни изјави тогаш.

Лозано е еден од нашите најдобри машки изведувачи и има десетици хитови зад себе. Беше Евровизиски претставник на Македонија во 2013 година, а периодов е актуелен со песната ,,Километри’’ која им ја посвети на сите оние кои морале да ја напуштат својата татковина.

Вики Клинчарова

Поврзани новости