Роберт Просинечки е веќе поранешен селектор, а се очекува таа одлука да биде официјализирана во петок, кога Црна Гора официјално ќе добие нов селектор.
Како што објави „Вијести“, легендарниот фудбалер е веќе поранешен селектор по два нецелосни, но неуспешни циклуси.
Се очекува во петок на седницата на Извршниот одбор на ФС на Црна Гора, Просинечки да биде разрешен од должноста, а Мирко Вучиниќ да стане нов селектор. Барем до крајот на квалификациите за Светското првенство.
Патем, Вучиниќ е првиот капитен на Црна Гора во историјата на националниот тим.
Од независноста, Црна Гора имала седум селектори (вклучувајќи го и Просинечки) – Зоран Филиповиќ, Златко Крањчар, Бранко Брновиќ, Љубиша Тумбаковиќ, Фарук Хаџибегиќ и Миодраг Радуловиќ.
Просинечки на клупата на Црна Гора забележа пет победи, едно реми и дури 10 порази.