Здравко Савески од Левица денеска упати критики кон владејачката СДСМ за начинот на кој се води кампањата за референдумот.
-Ги слушам владините пропагандисти, не’ плашат со изолација ако не сме влегле во НАТО. Три работи имам да кажам на темата:
1) Швајцарија не изолирана, крајно изолирана е според нивниот критериум. И што ѝ фали на Швајцарија? Голи и боси шетаат луѓето?
2) Курц, големиот другар прво на Грујо, а сега на Заев, ако толку мисли дека членството во НАТО е добра работа, прво нека ја напика Австрија во НАТО, а после нека се залага за зачленување на Македонија во НАТО.
3) Со продолжувањето на партизираното и коруптивно владеење, СДСМ ја запечати судбината на земјата како вукојебина од која планираат да избегаат сите што можат и сите што видоа дека пак мора партиска книшка за вработување. И „најнеизолирана“ да е Македонија според вашите критериуми, со вашето груевистичко владеење ќе ја испразните земјата и од луѓето што Грујо не успеа да ги истера, напиша Савески на својот Фејсбук профил.