445
Носителот на кандидатската листа на партијата Левица во петтата изборна единица, Здравко Савески политичката кампања ја почна од Битола.
– Левица ја почнува борбата за враќање на демократијата и социјалната правда во Македонија. Македонија не е толку сиромашна земја за да има толкава сиромаштија. Нашата кампања ќе биде инвентивна, теренска, креативна бидејќи ние немаме пари за скапи кампањи, а немаме пари затоа што Левица не се продаде на ниту еден газда. Останатите бизнис партии се во рацете на крупниот капитал и од нив народот, обичниот човек не може ништо да очекува, рече Савески.
Слоганот на Левица е „Искрата во мракот!”.