Груевски: Сакаат да ги закрват Македонците

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски последен се обрати на вечерашниот митинг во Охрид. Тука, настапи со позната обвинувачка реторика против неговиот ривал Зоран Заев, за кого рече имал цел да ја подели државата.

-Многу сериозна изјава на лидерот на опозицијата за да помине туку така. Пресериозен и прегласен збор за да остане нечуен и да остане неказнет. Веќе на сите им е совршено јасно се. Дури и на поддржувачите на опозицијата им е јасно дека биле изигрувани и дека и бомбите, и протестите, и шаторите, и Диво Насеље, и закрвувањето на македонците меѓу себе, се било и сеуште е, едно големо сценарио против нашата држава и ништо друго. Опозицијата наместо коректив на власта се претвори во симбол на деструкција во државата.- рече Груевски.

Тој посочи дека ова „сценарио” опозицијата го спроведувала две години, бидејќи преку федерализација сакалa да ја уништи државата.

Поврзани новости