610
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, го одби како неосновано барањето за укинување на мерките за претпазливост на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој е обвинет од СЈО во случаите „Таргет“ и „Тврдина“.
– Мерката на претпазливост, Привремено одземање на патната исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница, и мерката, Обврска на обвинетиот еднаш неделно да се јавува кај надлежно службено лице во судот – Остануваат на сила – се наведува во соопштението од Кривичниот суд.
Против ова решение, странките имаат право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.