Сашо Мијалков бил на мета на приведениот истражител на СЈО ?

by fokus

Итражителот кој вечерва беше приведен и однесен во полициската станица „Беко“ бил на работна задача во рамки на одредена истрага на Специјалното јавно обвинителство во која е опфатен екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Либертас објави дека истражителот ја фотографирал куќата на Мијалков на Водно, по што бил забележан од обезбедувањето, кое го легитимирало, сведочи за Либертас висок функционер на МВР.

Во меѓувреме, од обезбедувањето пријавиле, по што обвинител од Основното јавно обвинителство на Зврлевски издал налог да го приведат. Полицајците ја извршиле задачата и го однеле во полициската станица „Беко“.

Откако шефицата на СЈО, Катица Јанева дојде во полициската станица „Беко“ тој беше веднаш пуштен.

Поврзани новости