Јанева се врати во УБК – истрагата продолжува

by fokus

Специјалната обвинителка Катица Јанева се врати во УБК, каде што како што најави пред околу половина час, ќе ја продолжи истрагата и покрај опструкциите со кои се соочува тимот на СЈО.

Јанева изјави дека од МВР бил избркан истражителот на СЈО и додека таа ја даваше оваа изјава тој престојувал во дворот на МВР.

„Ќе одам да видам која е ситуацијата и што е тоа со неговото бркање. Ние сме должни да бидеме таму. Немаат право и не смеат да опстриураат и да не спроведуваат судска одлука. За тоа следуваат кривични пријави ако се попречува или не спроведува судска одлука“, рече Јанева.

Обвинителката претходно беше во акција на ослобидување на друг истражител на СЈО, кој беше приведен во полициската станица „Беко“.

 

Поврзани новости