Уште едно тело е пронајдено при дополнителен преглед на автобусот со државјани на Република Северна Македонија кој излетал на автопатот Струма.
Така, бројот на жртвите во тешката сообраќајна несреќа стана 45, како што првично беше соопштено, потврди за БНР заменикот главен обвинител и началник на бугарската Националната истражна служба Борислав Сарафов.
-Во 21.15 часот во трагичната ноќ преку „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, од кои 45 ги затекнавме загинати во автобусот, а 7 се опоравуваат во болницата „Пирогов“, кажа Сарафов.
Тој додаде и дека истражител и обвинител се упатени во Скопје каде ќе останат најдоцна до недела.
-Мора да ја донесат документацијата поврзана со автобусот и ДНК профилите на роднините на загинатите. Веднаш потоа ќе започне идентификацијата на жртвите од инцидентот, откри Сарафов.