Санкционирани 402 возачи во Скопје, 49 за возење без возачка

by Fokus

При сообраќајни контроли во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 402 мерки, од кои 49 за возење без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Санкционирани се и 47 технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за управување под дејство на алкохол, како и 33 пешаци, а изречени се и 70 мерки за непрописно паркирани возила и 29 санкции за неносење заштитна маска.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости