Самсоненко го зголеми уделот во „Жито Полог“

by fokus

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко стана сопственик на нови 2.469 обични акции со право на глас во тетовски „Жито Полог“, со што сега има вкупно 11.119 обични акции или 19,86 отсто.

Во извештајот за промена на сопственоста, кој е доставен до Македонска берза, е наведено и дека Златко Пирузе продал 6.417 обични акции со право на глас. Со тоа, тој повеќе не поседува акции од „Жито Полог“.

Исто така, 6.417 обични акции со право на глас се купени и од Друштвото за реклама, маркетинг, трговија и услуги „Лид Комјуникејшнс“ ДОО Скопје. Тоа претставува 11,46 отсто од вкупниот број издадени акции.

Поврзани новости