Три жени, кои се во критична состојба, успејаа да го преживеат падот на авионот во Куба, несреќа во која загинаа над 100 патници.
Несреќата се случила веднаш по полетувањето на авионот Боинг 737, кој со 105 патници, вклучувајќи и пет деца, и девет членови на екипажот, паднал во близина на населено место, а државни власти и медиумите објавија дека три патници, сите три жени, го преживеале падот на авионот и се примени во болница, но во критична состојба.
Авионот, изнајмен од кубанската компанија „Кубана де авијасион“, летал од Хавана до Холгин, на исток на Куба.
Аргентинската и мексиканската влада соопштија дека меѓу загинатите има двајца аргентински граѓани и неодреден број Мексиканци.
Кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел, кој дошол на местото на несреќата, кажа дека тоа е голема несреќа и дека властите ги истражуваат причините и работат на идентификација на телата.
Додека причината за фаталниот инцидент останува нејасен, очевидци велат дека авионот се обидел да се врати на аеродромот откако полетал и наводно погодил далновод.