Министерството за здравство преку соопштение информира дека уште 60 лица побарале лекарска помош во Гостивар.
„Bо текот на ноќта, во гостиварската болница, лекарска помош побарале уште 60 нови лица со исти симптоми- дијареа и изнемоштеност. Од епидемиолошките и другите спроведени мерки, со сигурност може да се констатира дека не постои поврзаност за консумирање храна од еден ист објект“, велат од Министерството.
Во последните три дена околу 400 луѓе побарале помош во гостивaрска болница, со стомачни болки, дијареја и повраќање. Само во текот на вчерашниот ден 110 пациенти со истите симптоми побарале лекарска помош.
Од Центарот за јавно здравје и ДСЗИ се на терен и ја следат состојбата. Во тек е обработка на податоци по што надлежните институции ќе излезат со соопштение. Од податоците и информациите, кои ќе ги добијат од подрачниот ЦЈЗ, доколку има потреба ДСЗИ ќе издаде решение со конкретни мерки, велат од Министерството.