476
Преку преминот „Делчево/Станке Лисичково“ на границата кон Бугарија од синоќа во 19 часот до утрово до 7 часот во земјава влегле само двајца граѓани.
Како што соопшти Регионалниот центар за гранични работи – Исток, на овој граничен премин не се забележани поголеми групи граѓани од Бугарија кои би присуствувале на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев, потенцирајќи дека од 6 до 8 часот утрово ниту еден бугарски државјанин не ја поминал границата.
Во моментот, како што информира МИА, само две возила со бугарски регистарски таблички во кои се наоѓаат државјани на Бугарија чекаат за влез во земјава.