Реџепи до сопартијците од Алтернатива: Или со гордост заминете или со срам останете!

by Фокус

Поранешниот пратеник на Алтернатива Скендер Реџепи, кој одредено време делува како независен пратеник, вели дека неговите сопартијци не успеале да ги постигнат програмските цели во Владата.

-Алтернатива имаше можност во текот на овие 13 месеци да ја условува владата детално да ја спроведе владината програма, но за жал тесните интереси на мал клан не дозволија тие програмски точки да се спроведат, затоа тие ќе останат дел од владата и со срам или ќе мора со гордост да си заминат – рече Реџепи.

Реџепи потврдува дека ќе продолжи да ја извршува функцијата пратеник од мнозинството додека не дојде време да разговара со власта за неговите политички барања.

-Ако останам дел од мнозинството за кое верувам дека ќе има простор за разговор, ќе го поддржам. Немам ништо против влезот на Алијанса иако причината беше неразбирлива. Истата причина е  како во првиот случај, како и во вториот случај, наводно за Европската Унија, но во суштина не е – затоа што со влезот на Алијанса не се обезбедуваат уставни измени. Ни требаат некаде околу 6-7 пратеници. Тоа се партиски интереси, очигледно, но тоа е нивно право. Така беше и со Алтернатива, за партиски интереси, но со програма за која се надевавме дека ќе се реализира – истакна тој.

Поврзани новости