Само болни луѓе може да смислат напад на членка на НАТО, вели Грушко

by fokus

Русија се надева на „разумно решение“ на спорот околу рестрикциите за превоз на стоки преку територијата на Литванија до Калининградската област, руската ексклава на Балтичкото Море.

Русија ѝ порача на Европската Унија дека моменталната ситуација води до значителни трошоци не само за Литванија туку и за ЕУ, кажа заменикот на рускиот министер за надворешни работи Александар Грушко.

Тој порача дека Русија не планира да нападне ниедна членка на НАТО. „Тоа само болни луѓе можат да го смислат“, кажа тој.

Литванија кон средината на јуни го забрани железничкиот транзит на одредени стоки кои се наоѓаат на листата на западните санкции, до Калининград. Москва ограничувањата ги нарече незаконски и се закани со контрамерки.

Поврзани новости