Бајден: Сенатот не може да го избегне „супермнозинството“ и да го заштити правото на абортус

by fokus

Сенатот нема доволни гласови да се избегне институтот „филибасер“ (тактика на опструкција) по одлуката на Врховниот суд, кој ја поништи пресудата од случајот „Роу против Вејд“ од 1973 година со кој на сојузно ниво е дозволено правото на прекин на бременоста, им кажа американскиот претседател Џо Бајден на групата гувернери од неговата Демократска партија.

Бајден го повика Сенатот да се откажат од институтот „филибастер“, односно таканареченото супермнозинство кое бара поддршка од 60 до 100 сенатори за носење на закон, за пресудата од 1973 година да стане закон.

Во современите демократии, за гласање закон е потребно квалификувано или двотретинско мнозинство во парламентот, додека во САД постои „супермнозинство“ од 60 гласови во Сенатот за да се изгласаат сите закони освен Буџетот, бидејќи секој застапник има можност да одолговлекува секоја законска иницијатива, доколку од другата страна не постои мнозинство коешто би го изгласало прекинувањето на опструкцијата.

Претседателот Бајден во Сенатот мина 36 години и гласно го поддржуваше институтот „филибастер“, но сѐ повеќе е наклонет тоа да се промени, бидејќи републиканците веќе неколку од неговите главни иницијативи, вклучително и предлогот на законот за гласачките права.

Поврзани новости