Прекинато производството во најголемата фабрика за чоколади во светот

by fokus 00:09
00:09

Салмонела е пронајдена во најголемата фабрика за чоколади во светот во белгискиот град Виезе.

Швајцарскиот гигант „Бери Калебо“, кој е сопственик на фабриката, вчера ги информирал белгиските власти дека го прекинале производството и ја повлекуваат целата чоколада што ја произведувале од 25 јуни годинава.

„Бери Калебо“дистрибуира чоколадо на големи компании како „Нестле“, „Моделез“, „Херши“ и „Унилевер“.

Салмонела е пронајдена во чоколадото во понеделникот, а изворот на контаминација е во лецитинот, состојка која се користи како емулгатор во производството на чоколадо. Од компанијата велат дека ќе направат детална анализа и дека ќе ги дезинфицираат производствените линии.

Поврзани новости