Само 19 отсто од граѓаните сметаат дека снимките се креирани

by Фокус

Повеќе од половина од граѓаните сметаат дека телефонските разговори кои ги објавува опзицијата се автентични, а 19,3 отсто сметаат дека тие се креирани, лепени и монтирани, покажува најновото истражување  „Еврометар 2015“ на Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО).

Што се однесува до тоа кој прислушувал, околу 41 осто веруваат дека домашните служби ги снимале разговорите, а околу 20 отсто дека тие се направени од страна на странски служби.

За 52 отсто од испитаниците поважна е содржината на снимените телефонски разговори, а 19 отсто го делат ставот на власта дека поважен е изворот, односно кој ги снимал.

Анкетата е направена на 1201 испитаник, а од  МЦЕО велат дека атмосферата на страв е во благо опаѓање во споредба со минатата година, но сепак 46 отсто веруваат дека власта може да дознае како гласале на избори.

Поврзани новости