Пронајдено јагленосано тело на девојка во Градски парк

by Фокус

Јагленосано тело на девојка на околу 25-30 години попладнево е пронајдено во близина на ресторанот „Балканика“ во Градскиот парк во Скопје. Се претпоставува дека девојката се самозапалила.

Од МВР го потврдија настанот, но се уште не е познат идентитетот на девојката, ниту пак кои биле причините таа да посегне по својот живот. Очевидци повикале Брза помош, но лекарите не можеле да сторат ништо и само ја констатирале смртта.

На местото на настанот увид извршија Јавен обвинител и екипи на полицијата.

Поврзани новости