Митрополит Иларион: Откажете се од јогата и покајте се

by Фокус

Митрополитот  Иларион Брегалнички на неделната литургија во Лесновскиот Манастир им порачал на православните христијани да се откажат од јогата, бидејќи таа не претставувала само еден вид на фитнес, туку претставувала „одрекување од светата православна вера и одрекување од Христа“.

Тој ги повикал сите верници кои практикувале или практикуваат јога вежби, можеби и од незнаење, да прекинат , да се покајат и исповедаат , а во спротивно, на сите кои не сакаат, тој ќе им дал анатема.

Претходно, Православна црква одржала состанок на Свештениот синод во Грција од кој излегла со став дека „јогата претставува фундаментално учење на Хинду религијата, има различни школи, индустрија, трендови и тенденции, и не претставува само еден вид на фитнес“ и затоа го повикала целиот православен свет да се избегне создавање на атмосфера на религиозен синкретизам.

Поврзани новости