Самит Г20: Вакцините против Kовид-19 ќе бидат подеднакво достапни за сите

by Fokus

Лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот и земјите во развој, на самитот преку Интернет ветија дека ќе сторат сè за да обезбедат „еднаков“ пристап до вакцината за коронавирус.

-Нема да се откажеме од нашите напори да им обезбедиме на сите еднаков пристап (вакцини, тестови и терапија), стои во завршната декларација на дводневниот виртуелен самит организиран од Саудиска Арабија.

Лидерите на Г20 изјавија дека „целосно ги поддржуваат“ механизмите воспоставени од Светската здравствена организација (СЗО) во борбата против епидемијата на коронавирус, што значи дека вакцината не е достапна само за најбогатите земји.

Во последната декларација, Г20 вети дека ќе ја спроведе претходно донесената иницијатива за одложување на отплата на долгот на сиромашните земји.

Лидерите сметаат дека трговијата е „поважна од кога било за поддршка на мултилатерален систем за трговија“ и за обезбедување „еднакви услови за игра“.

Групата од 20 најразвиени земји во светот и земјите во развој – Г20, се состои од 19 земји и Европската унија, вклучувајќи ги Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија , Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Велика Британија и САД.

 

Поврзани новости