Салвини ја обвини Франција: Бркате мигранти, а спасувате терористи!

by Фокус

Вицепремиерот и министер за транспорт на Италија, Матео Салвини изјави дека е срамота што владата на францускиот претседател Емануел Макрон не прифаќа мигранти, туку ги задржува терористите.

Тој го изјави ова откако францускиот суд одби да испорача 10 поранешни членови на терористичката група Црвени бригади во Италија, кои, и покрај тоа што италијанските судови ги осудиле на различни степени на казна, вклучително и доживотен затвор за крвни злосторства, се засолниле во Франција.

-Тоа е срамота. Ги напушта децата на границата Вентимилија во шумата и ги задржува терористите кои треба да бидат во затвор во Италија – рече Салвини.

Поврзани новости