Саљији за оставката: Контраверзната одлука за малиот Алмир ја разниша довербата во правосудството

by fokus

Министерот за правда Билен Саљији вечерва си поднесе оставка поради одлуката на јавниот обвинител да го преквалификува обвинението за малиот Алмир.

-Во овие моменти чувствувам дека довербата е разнишана поради одлуката јавниот обвинител да го преквалификува обвинението за малиот Алмир. Оваа контраверзна одлука беше оспорена и од четворицата јавни обвинители. Јас како прв човек на Министерството за правда чувствувам да поднесам оставка, изјави Саљији.

Тој се заблагодари на вработените во министерството, на партијата од која доаѓа, како и на премиерот за укажаната доверба.

Поврзани новости