615
Министерот за здравство, Беким Сали на денешната прес-конференција се пожали дека се потешко се наоѓа медицински кадар за работа во Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 ноември“ во Скопје.
За жал, се соочуваме со општество кое сака привилегирани позиции за работа, а потешко наоѓаме кадар за работа со болници каде има тешки пациенти со декубитни рани. Во континуитет отвораме огласи, бараме вработувања, но се соочуваме со општество кое сака привилегирани позиции за работење, а во случаите каде има тешки пациенти со декубитални рани, потешко наоѓаме кадар кој е подготвен да се справи и пружи здравствена услуга за овие пациенти“, рече Сали.