Ковачевски: Ме напаѓа кодош, шпион, тоа е мизерија!

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски на денешните собраниски прашања реагираше бурно кон ВМРО-ДПМНЕ поради темата за служењето на воен рок во 2000 година, поради која критикуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Во 2000-тата година согласно сите законски процедури, базирани на Законот за одбрана од 1992 година, член 51 и во рамки на јавна, повеќестепена процедура, врз основа на мислење на стручни лица-доктори на медицина, а заради мој здравствен, абдоменален проблем, со кој сеуште се соочувам, се регистрираше мојата неможност за служење на воената обврска. Оваа група овде на опозицијата и претходниот говорник како нивен предводник, а под налог на неговиот налогодавач, во последно време имаат голем, многу голем проблем!“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека пратениците од опозицијата се криминалци, неработници, насилници, кодоши, затоа што како што рече, се растураат внатре помеѓу себе заради делење на пари и тендери, како последниот од 136 милиони евра.

„Човек кој додека бил во АРМ кодошел, крадел документи, навредувал колешки и колеги, издавал информации, тргувал со нив со разни интерни и странски структури! Човек кој бил казнуван и санкциониран! Човек кој ми го спомнува мојот драг покоен роднина кој го заврши својот живот заради трагичната и прерана загуба на своите најмили, своите две деца! Бог да ги прости. Човек кој што му бил колега, којшто го споменува и бил именуван од Пауновски од ВМРО-ДПМНЕ. Човек кој ја срамел Армијата, работел против својата држава за пари и за интереси на странски и домашни разузнавачко-бизнис структури!

И затоа не е случајно што тој дезертираше од АРМ по нашиот влез во НАТО, затоа што нема да добие ни пропусница за влез во зграда, а камоли безбедносен сертификат! Бидејќи во АРМ како дел од НАТО нема место за кодоши. Дезертер кој ја посрамотил униформата, ја погазил свечената воена заклетва, му ги симнале аполетите и облекол сако за да во Белата Палата го прави она што очигледно најдобро го знае да го прави. Да кодоши, да плука и по мртви и по живи, и да прави пари кодошејќи ја својата држава, Армија и граѓани. Тоа е мизерија! Беда! Срамота!“, додаде тој.

Поврзани новости