Сајкоски: Заев да си даде оставка зашто не може да ги реши проблемите

by Фокус

Граѓаните на Македонија увидоа дека Владата на Зоран Заев нема план ниту за договорот со Бугарија, тој нема ниту план во здравството, ниту во економијата, ниту да ја развива Македонија, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски.

-Иако не убедуваа дека во 2017-та година е завршено со Бугарија и договорот е завршен, ние денеска увидовме дека договорот не само што не е завршен, туку ќе се ревидира. Затоа порачуваме да се прекине со катастрофалните лоши политики и Заев мора да поднесе оставка. Македонскиот народ му порачува на Заев дека неможе да ни биде избришана македонската свест – рече Сајкоски.

Тој го повика Заев да си поднесе оставка, бидејќи, како што рече, не може да ги реши проблемите на граѓаните.

Поврзани новости