Меркел: Северна Македонија има шанси годинава да ја одржи првата Меѓувладина конференција

by Фокус

Северна Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со ЕУ, изјави канцеларката Ангела Меркел на денешната видео-конференција со парламентарците од европскиот континент.

-Се соочуваме со потешкотии да овозможиме одржување на меѓувладината конференција со Северна Македонија. Албанија направи голем напредок, но особено е во прашање е дали ќе успееме навреме со Северна Македонија, затоа што се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, како што знаете – оцени германската канцеларка.

Одговарајќи на прашање на пратениците, Меркел рече дека се надева дека Северна Македонија годинава ќе ги започне преговорите, додека Албанија ќе мора да почека.

-Во случајот на Албанија, прашањето е малку поинакво. И покрај напредокот, не можам да ветам дека тоа ќе се случи оваа година, но многу наскоро – рече канцеларката на виртуелниот состанок со парламентарните комитети на земјите членки на ЕУ.

Поврзани новости